Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Осум мртви и 17 повредени во напад со нож во Кина

Осум лица загинаа, а 17 други се повредени во напад со нож во кампусот на колеџ во источниот кинески град Јиксинг во саботата, соопшти полицијата.

„Околу 18:30 часот, на 16 ноември 2024 година, во Стручниот институт за уметности и технологија Вукси во градот Јиксинг се случи инцидент со прободување со нож кој резултираше со жртви, предизвикувајќи 8 смртни случаи, а повредени уште 17. Осомничениот е приведен на лице место“, се вели во полициското соопштение.

Во соопштението се вели дека осомничениот бил неодамна дипломиран и бил мотивиран од „пад на испит, непримање сертификат за дипломирање и незадоволство од надоместокот за стажирање“. Истрагата е во тек.

Нападот е последниот инцидент со масовни жртви што ја погоди Кина.

Минатиот понеделник 35 лица загинаа откако автомобил удри во пешаци кои вежбаа во јужниот кинески град Жухаи, при што беа повредени над 40 лица. Како што се ширеше веста за нападот, цензорите се нафрлија за да ги симнат онлајн видеата од нападот и да ги ублажат дискусиите на социјалните мрежи.

Во октомври, полицијата уапси 50-годишен маж по напад со нож во близина на основно училиште во Пекинг, кога повредени беа пет лица, меѓу кои три деца.

Во септември, три лица беа убиени, а 15 други повредени во напад со нож во супермаркет ви предградие на Шангај.

Исто така во септември, автобус удри во толпа ученици и родители пред училиште во градот Таиан во провинцијата Шандонг, при што загинаа 11 лица, а 13 други беа повредени. Кинеските власти не открија дали тоа било случајно или намерно.

Зачлени се на нашиот е-билтен