Осум пожарникари од ТППЕ Струмица, кои се дел од Тимот за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини при Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваат на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес што се одржува во Ереван, Ерменија.
Како што информираа од ТППЕ Струмица, вежбата се одржува во периодот од 7 до 14 октомври, а се организира во рамките на проектот за комплексно управување со земјотрес во Јужен Кавказ, преку ефективно планирање, одговор и здружени операции, финансиран од Европската Комисија.
Покрај нашите пожарникари на вежбата учествуваат тимови од Црна Гора, Грција, Франција, Кипар, Грузија и домаќинот Ерменија.
Инаку, тимот на струмичките пожарникари има големо искуство зад себе откако претходно учествуваше на неколку меѓународни вежби и во спасување од елементарни непогоди во земјава и странство.