МВР информира дека во последното деноноќие пријавени се 14 случаи на семејно насилство, додека уапсени се вкупно осум лица во различни градови во Македонија
На 05.04.2026 во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од страна на нивниот син. Според пријавата, О.С. во алкохолизирана состојба секојдневно кршел предмети во домот и упатувал сериозни закани по нивниот живот. По лишувањето од слобода, кај О.С. биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2026 во 15:30 часот во гостиварско село, полициски службеници го лишија од слобода Р.А. (27), кој бил пријавен од страна на неговата поранешна вонбрачна партнерка дека откако ја прекинала врската, Р.А. дошол пред домот на нејзините родители со патничко моторно возило „бмв“ и им упатил сериозни закани по животот. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2026 во 15:40 часот во ПС Тетово, 30-годишен маж од Тетово пријави дека на улица „Илинденска“, додека се движел со својата сопруга, бил физички нападнат од неговиот брат Р.З. (26). По целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.04.2026 во 19:40 часот, полициски службеници го лишија од слобода Џ.М. (49) од село во општина Брвеница, по пријава од неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ѝ упатил закани по животот. Џ.М. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.04.2026 околу 01:30 часот, во ПС Тетово, Ќ.Б. (31) од Тетово пријави дека била физички нападната од нејзиниот брат Ќ.Б. (26), во близина на рекреативниот центар „Бањиче“. Ќ.Б. е лишен од слобода, а при преглед кај него е пронајдена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе бидат следува соодветен поднесок.
На 05.04.2026 во 01:30 часот во ОВР Прилеп, 34 -годишна прилепчанка пријави дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од сопругот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.04.2026 во 03:15 часот во ОВР Прилеп, 25- годишен прилепчанец пријави дека во семејниот дом во Прилеп бил физички нападнат од неговиот татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 05.04.2026 во 20:10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишија од слобода 36-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека по вербална расправија, физички ја нападнал и и се заканувал на неговата 31-годишна поранешна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2026 во 13:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 65-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека на Градски пазар во Велес, агресивно се однесувал кон неговата 62-годишна сопруга и оштетил предмети. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 05.04.2026 во 19:45 часот во Полициската станица Радовиш 65-годишна жителка на Радовиш пријави дека околу 14:30 часот во нејзиниот дом била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.М.(59).. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.04.2026 во 12:36 часот во ОВР Виница, 28-годишна жена пријави дека околу 12:00 часот во семејниот дом во Виница, била физички нападната од нејзиниот брат Е.С.(26), а нејзиниот татко Е.С.(48) и упатувал закани. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 06.04.2026 во 08:20 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Р.(35) од Скопје, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата вонбрачна 40-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.04.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.К.(38) од Скопје, кој агресивно се однесувал и оштетил дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.04.2026 во 19:30 часот, на автопатот Градско-Велес, полициски службеници од СВР Велес лишија од слобода 48-годишник од Скопје, постапувајќи по пријава дека во своето возило физички ја нападнал неговата 29-годишна партнерка. Известен е јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.