Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Осум загинати во израелски воени операции на Западниот брег

 Најмалку осум лица загинаа во израелски воени операции на Западниот Брег, соопштија денеска палестинските власти.

Петмина од нив се убиени во текот на ноќта во бегалскиот камп Џенин, соопшти Министерството за здравство во Рамалах.

Неколку, наводно, припаѓале на екстремистички групи присутни во огромниот камп покрај градот Џенин.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во воздушен напад врз „вооружена ќелија“ таму во текот на ноќта загинале „неколку напаѓачи“ кои отвориле оган и фрлиле експлозивни направи врз израелските војници и граничната полиција.

Насилни конфронтации беа забележани и за време на други операции на израелската војска во раните утрински часови.

Според Министерството за здравство, двајца Палестинци биле застрелани јужно од Хеброн, а еден е убиен во селото Каландија.

Ситуацијата на Западниот Брег се влоши по почетокот на војната на 7 октомври меѓу Израел и Хамас, кој владее со Појасот Газа.

ИДФ соопшти дека оттогаш се уапсени 1.260 осомничени, вклучително и 760 лица поврзани со исламистичкиот Хамас, кој е класифициран како терористичка организација од САД и ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен