Аеродромот во германскиот град Хамбург денеска ги суспендира полетувањата и слетувањата поради полициски мерки, јави Германската новинска агенција (ДПА).
Според портпаролот на аеродромот летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе биде нападнат авион од главниот град на Иран, Техеран.
Но, тој не прецизираше за каква закана станува збор.