Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Отворање на самостојна изложба “Љубов” на Александра Мириќ во МКЦ

Александра Мириќ

Вечерва (14 февруари) во Галеријата при Младинскиот културен центар во 19.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба на уметничката Александра Мириќ со наслов “Љубов”.

Александра Мириќ е архитектка-конзерваторка. Валоризацијата на градителското наследство го проучувала на универзитетот во Прованса, Франција. Со докторат по архитектура се стекнала на универзитетот во Ниш, Србија, а со докторат по aрхеологија на универзитетот Лион 2 во Франција.

Како самостојна истражувачка е посветена на проучувањето, презентацијата и промоцијата на светското културно наследство и локалните традиции, добитничка е на бројни награди за извонредни придонеси во развојот на науката и културата. Со самостојни изложби се претставила во Ниш (2010, 2015, 2018, 2019), Ќуприја (2018), Париз (2017), Скопје (2017) и учествувала во повеќе десетици групни изложби и меѓународни ликовни колонии.

Нејзините слики се наоѓаат во приватни и јавни збирки во Србија и во странство. На единствениот српски ликовен конкурс посветен на надреализмот, „Во чест на Матиќ“, нејзината слика „Светците што маршираат“ е наградена во 2017 година со прва награда.

Александра како уметник ги распоредува своите мотиви мислејќи со надреалистична сила, кокетирајќи со јасен, силен колорит, минималистички форми на мотиви кои ја раскажуваат приказната од јазикот на нејзините соништа, стилизирајки ги понекогаш до граница на знак. Разиграната позадина, со многу детали, сепак не доминира над централниот мотив кој ја раскажува нејзината приказна, водејќи нѐ низ нејзиниот чудесен свет, свет на нејзината имагинација и нејзиниот сон, велат критичарите за изложбата “Љубов” на Мириќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен