Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Отворен Фестивалот на грчки филм

Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека беше отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април. 

Фестивалот го организираат Амбасадата на Грција и Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ со поддршка од спонзори.

Како што информира „Киненова“, присутните ги поздравил Клери Коцидас, шеф на Канцеларијата за јавна дипломатија во Амбасадата на Грција.

-Фестивалот почна да се одржува по четврти пат на секои две години во Скопје, а годинава првпат ќе се одржи и во Битола во Киното Манаки. Вечерва ќе гледате два филма од грчки автори и ви посакувам да уживате, нагласил Коцидас.

На присутните им се обратил и директорот на Фестивалот „Киненова“ Небојша Јовановиќ, кој изрази благодарност до Амбасадата на Грција и до амбасадорката на Грција Софија Филипиду за помошта за создавањето на овој фестивал.

– Ние можеби нема да го промениме целиот свет, можеби нема да ги избришеме границите, но сигурно ќе создадеме нови гранични премини и нови мостови преку програмата на фестивалот, бидејќи културата ја има таа моќ, а филмот особено, преку длабоката и широка комуникација на животните теми кои директно произлегуваат од актуелното грчко општество, потенцирал Јовановиќ

Зачлени се на нашиот е-билтен