Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Отворена 56. Летна школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Охрид

Како исполнување на аманетот на Крсте Петков Мисирков, неговиот сон, но и сон на неговите потомци да се работи за зачувување на македонскиот јазик, во Охрид по 56-ти пат се одржува Летната школа на Меѓународниот семинар по македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Ректорот на Универзитетот, Никола Јанкуловски, потсетувајќи на заложбите на Мисирков, дека „милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право, а ние сме должни да го милуваме затоа што тој е наш, како што е наша и татковината“, во обраќањето пред семинаристите ја истакна важноста на секој од досегашните учесници на Летната школа да ги пренесува низ светот македонскиот збор, мисла и вистина.

– И оние кои сте веќе години посветени на македонистиката, вклучително универзитетски професори, истражувачи и докажани преведувачи кои при исклучителни предизвици останавте доследни на ставовите на македониистиката и меѓународно ги афирмиравте. И оние кои сте од новите генерации странски македонисти и сте на почетно или средно рамниште на познавање на македонскиот јазик сте иднината, рече Јанкуловски.

Тој забележа дека во ниту една друга земја во регионот нема меѓународна научна конференција на која толку интензивно и без прекин се посветува внимание на еден јазик и на една национална литература и култура.

– Токму од Летната школа се изнедрија и дел од странските истражувачи кои изминативе децении на оваа научна конференција ги презентираа резултатите на своите научни истражувања. Ова и не обврзува и годинава и во годините пред нас да се настојува Летната школа да се организира на ниво кое ќе овозможи од неа да произлезат такви посветени кадри, со големи познавања, но пред се со голема љубов кон македонистиката. Затоа и за оваа година конципирана е програма која сигурен сум дека ќе ги зголеми и познавањата и љубовта кон македонистиката на семинаристите, а со дел од нив ќе одбележиме и дел од големите јубилеи за 2023 година, рече Јанкуловски.

Ректорот нагласи дека мисијата за посветеност за странската македонистика е центгрална точка на залоѓбите за афирмацијата на македонскиот јазик, литеруатура и култура на УКИМ, но и потврда од колкава важност е влогот во работата и посветеноста на странските македонисти.

– Неспорен факт е дека изминативе години и децении, и нашите претходници и ние сме се соочиле со предзивици, негирања, напади упатени кон македонистиката. Ама клучно и во таквите моменти, ставовите и заклучоците на странската македонистика, на балканистиката и на славистиката ја повтдуваат македонската вистина, благодарение на влогот што го остварувале и го остваруваат странските македонисти и слависти, истакна Јанкуловски искаќувајжи благодарснот кон нив во нивната решеност и посветеност за афирмација на македонистиката, истата да одекнува низ континентите.

Директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, Весна Мојсова Чепишевска, од своја страна посочи дека на 56-тата Летна школа се седумдесеттина македонсти и слависти од НР Кина, САД, Република Кореја, Италија, Франција, Грција, Турција, Полска, Словачка, Унгарија, Украина, Романија, Руската Федерација, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија и Чешката Република ќе учествуваат на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што од 18 до крајот на август ќе се одржува во Охрид.

Цитирајќи избрани стихови на песни од Рацин, Шопов, таа Летната школа ја спореди со куќа што ја гради 56 години, куќа со силни издржливи темели поставени од нашите претходници.

– Ама и куќа со силни ѕидови кои постојано ги доѕидуваме заедно со странските македонисти, балканисти и слависти, и во кои се заѕидани научните вистини за маедонскиот јазик, литература и култура. Нејзините високи шимшир порти постојано се отворени, оти во неа и навистина го збира целиот свет, што се потврдува и годинава кога овде се посветеници на македонистиката од различни страни на целиот свет, рече таа.

За семинаристите, меѓу кои универзитетски професори, значајни истражувачи од славистичкиот свет – лингвисти, книжевници и културолози и книжевни преведувачи, но и голем број млади кадри, подготвена е програма што покрај лекторската настава и предавања, вклучува и низа настани кои имаат за цел на странските македонисти да им овозможат и нови видици за македонскиот јазик, литература и култура.

Во рамки на свеченото отворање на годинешното издание, денеска беше промовиран Зборникот од предавања од минатата година, чиј промотор беше проф. д-р Гордана Алексова, долгогодишна лекторка на школите на Семинарот.

Школата ќе биде затворена со завршна средба на 31  август, а за потоа се најавува и јубилејната 50. Меѓународна научна конференција на МСМЈЛК при УКИМ, којашто ќе е одржи од 1 до 3 септември 2023 во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен