Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Отворена е сезоната за дојави за бомби, во последните 24 часа во Белград, Сараево и Подгорица

Најновата дојава за бомба е од утринава и под закана бил познатиот Сава Центар во белград. Заканата била испратена на електронската пошта до повеќе медиуми и поради дојавата во тек е евакуација на концертната сала „Сава Центар“ во Белград, известија српските медиуми.

Вчера и до Претседателството на Босна и Херцеговина пристигна мејл за поставена бомба, а малку пред тоа медиумите од таму јавија дека во неколкку трговски центри во Сараево пристигнале дојави за бомби на имејл адресите извести Телеграф.рс.

Вести за доојави за бомби во изминатите 24 часа пристигнаа и од Подгорица, Црна Гора.

Вработените во зградата во која се сместени Вишиот суд и Врховниот суд во Подгорица биле евакуирана, а специјалната полициска единица извршила проверка на просториите, јавија подгоричките медиуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен