Отворени границите со Грција за празниците: Земјоделците ги креваат блокадите за Божиќ и Нова година


Граничните премини меѓу Македонија и Грција ќе бидат проодни за време на божиќните и новогодишните празници, откако грчките земјоделци одлучија привремено да ги прекинат блокадите.

Иако повеќе од една недела ги држеа затворени премините во рамки на своите протести, земјоделците решија да ги подигнат рампите за да им овозможат на граѓаните непречено да ги реализираат своите планови за празнични патувања и прослави во Грција.

Како што пренесуваат грчките медиуми, според договорениот распоред, граничните премини и главните патни правци ќе бидат отворени во два термина: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември, како и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.

Одлуката е донесена како гест кон граѓаните и туристите, додека земјоделските протести ќе продолжат по завршувањето на празничниот период.

Зачлени се на нашиот е-билтен