Новогодишната ноќ во Скопје ќе биде одбележана со настапи на врвни македонски музички имиња. На лице место ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Куку Леле, 2 Бона и други најавени артисти, кои ќе го забавуваат публиката со свои хитови и живи настапи.
Покрај главните ѕвезди на македонската сцена, од општините на Скопје исто така се најавуваат свои програми за новогодишната вечер.
Градските власти најавуваат дека од 15 па сѐ до 31 декември, секоја вечер од 18 часот, на плоштадот ќе се одвива разновидна програма со музички настапи, диџеј-сетови и уметнички изведби, додека викендите ќе бидат посветени на најмладите со детски содржини и анимации.
Фокусот на градската програма ќе биде ставен на последните денови од декември. Централната празнична програма започнува на 27 декември, кога напладне на плоштадот „Македонија“ е најавено и пристигнувањето на Дедо Мраз, а во културно-забавниот дел ќе се вклучат и средношколски бендови.