Еден дел од екипата која доброволно повеќе од два дена е активна кај пожарите во Паралово и сега Грумази. Бидете поздравени Горан, Оливер, Никола, Ниче и Бале. Фала Ви од срце, шо и да ви треба кажете ни и немојте да бидете скромни ние ќе најдиме начин како да ви се оддолжиме“, се вели во објавата на Фејсбук групата „Бабам Битола“.
Имено тие објавија петмина волонтери кои два дена доброволно се борат со пожарите во Паралово и Грумази и јавно им се заблагодарија за гасењетпо на пожарите.
Изминатите три дена гореше ниско стеблеста пред се тревна вегетација, најповeќе во непристапни терени на повеќе локации низ територтијата на : Полог, Скочивир, Грумази, Сливица, Тепавци, Гнилеж, Брод, скоро во сите села огнените јазици ги загрозуваа куќите и имотите на нашите жители а најкритично беше кај Паралово каде загрозен беше манастирот Св.Ѓорѓи.
во гаснењето на овие пожари имаше претставници на Министерството за одбрана, ЦУК, ТППЕ Битола, РЕК Битола, ЈП Комунална Хигиена Новаци ,Марковски компани, ЈП Стрежево, ЈKП Водовод Битола, доброволното противпожарно друштво Арханѓел, Македонски шуми, Општина Могила, многубројни доброволци, месното население кои несебично се ставија на располагање со соодветна механизација, луѓе и ресурси.
Во овие најкритични точки опасноста е надмината меѓутоа од ЦУК рекоа дека ангажираноста и претпазливоста се уште е на високо ниво затоа што еден дел од огнените јазици се уште се активни и се протегаат кон атарот на Ивени и по течението на река Црна во мариовскиот дел.