Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ова се трите градови носители на титулата Европска престолнина на културата за 2025 година

Секоја година Европската Унија избира градови кои ќе ја носат престижната титула Европска престолнина на културата. Овој статус им овозможува да го покажат своето културно наследство и богатство на светската сцена.

За 2025 година, наградата беше доделена на помалку познати, но исклучително интересни дестинации, и тоа Кемниц, Германија, како и Нова Горица во Словенија и Гориција во Италија, чии културни иницијативи ќе ја одразуваат заедничката историја, но и силата на европската интеграција.

Сместен во германската сојузна покраина Саксонија, градот Кемниц е познат по својата богата индустриска историја и важната улога за време на Индустриската револуција. Поради ова, често го нарекуваат и „Манчестер од Саксонија“, но минатото на овој град не било воопшто едноставно… Денес, покрај историските споменици како градби во „арт нуво стил“, во градот може да се видат и монументални социјалистички споменици, меѓу коишто се издвојува оној посветен на Карл Маркс.

За разлика од Кемниц, којшто носи тешко индустриско и политичко наследство, Нова Горица и Гориција претставуваат единствен културен мост меѓу две различни традиции и јазици. Сместени на границата на Словенија и Италија, овие два града споделуваат многу повеќе од заедничката географска положба.

За време на Студената војна, границата меѓу нив била и „железна“ во одредени мигови, а денес, тоа се градови кои ја симболизираат силата на европската интеграција и соработка.

Европските престолнини на културата во 2025 година совршено ја претставуваат различноста на европската културна сцена. Секој од нив носи специфични предизвици и богати традиции, а преку оваа престижна титула, градовите имаат можност да го претстават не само своето минато, туку и својата иднина.  

Зачлени се на нашиот е-билтен