Оваа професија во Германија никогаш не била повеќе барана: Плата до 4.650 евра

Од пандемијата на коронавирусот, работата на машиновозачите е официјално призната како системски важна, а платите во споредба со други професии се прилично конкурентни.

Според пишувањето на германскиот RTL, почетната плата на еден машиновозач изнесува над 3.500 евра.

По повеќедневниот штрајк во март 2024 година, синдикатот GDL избори зголемување на платите. Од април 2025 година стапија на сила новите колективни договори: почетната бруто плата сега изнесува околу 3.500 евра месечно, зголемување од претходните 3.300 евра.

Конечниот износ кој вработениот го добива на сметка варира, најмногу поради работното време.

Дополнително, на платата се додаваат бројни надоместоци – за ноќни смени, работа викендом и за празници. Вкупните месечни примања така лесно можат да надминат 4.000 евра.

Платите растат и со искуството – на секои пет години примањата се зголемуваат за околу 100 евра. Машиновозач со 30 години искуство може да заработува и до 4.650 евра месечно.

Работата на машиновозач не е крај на кариерата – амбициозните работници можат да продолжат со образование и да преземат функции на диспетчер, специјалист или мајстор за железнички сообраќај.

Зачлени се на нашиот е-билтен