Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 1.000 денари пониска од јуни кога изнесуваше 41.939 според податоците од Државниот завод за статистика.
Ова е првпат да биде забележан пад на просечната плата во изминатите месеци почнувајќи од јануари годинава, кога постојано бележеше тренд на расте.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2024 година, изнесува 41.252 денари, во април пак 2024 година, изнесува 41.085 денари, во март 2024 година, изнесува 40.496 денари, во февруари 2024 година, изнесува 39.876 денари и во јануари 2024 година , изнесувала 39.542 денари.