Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Падна дел од фасада од зграда на плоштадот во Загреб

Се урнал дел од фасадата на зграда на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб. Од полициската управа на градот известија дека нема повредени, а на терен излегле пожарникари  и комунални работници.

„Околу 12 часот и 20 минути е добиена пријава за пад на дел од зградата на плоштадот Бан Јелачиќ. При излегување на местото на настанот било утврдено дека од објектот се откинало парче од фасадата, односно малтер“, извести полицијата.

Загрепските пожарникари кои биле на терен со помош на корпа од своето противпожарно возило ги отстраниле остатоците од оштетениот дел од фасадата.

Зачлени се на нашиот е-билтен