Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Паѓа поддршката за Макрон – најлош рејтинг за францускиот претседател од 2018 година

Францускиот претседател Емануел Макрон ужива поддршка од само 23 отсто од Французите, покажува последната анкета на агенцијата за испитување на јавното мислење Ипсос, нарачана од весникот „Трибун Диманш“.

Поголем рејтинг од Макрон има францускиот премиер Мишел Баарние, кој има поддршка од 31 отсто од граѓаните, покажува анкетата.

Рејтингот и на двајцата политичари се намалил за 2 отсто во однос на последната анкета на „Ипсос“.

Ова е најлош рејтинг за Макрон по 2018 година, кога во екот на протестите на „жолтите елеци“ неговата поддршка падна на 20 отсто.

Анкетата на „Ипсос“ била спроведена на примерок од 1000 испитаници на 6 и 7 ноември.

Зачлени се на нашиот е-билтен