Пакистанската влада објави дека формално ќе го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во 2026 година, наведувајќи ја неговата „одлучна дипломатска интервенција и клучно водство“ за време на кризата меѓу Пакистан и Индија.
Во изјава на платформата „X“, пакистанските власти изјавија дека меѓународната заедница била сведок на „неиспровоцирана и нелегална агресија“ од страна на Индија, која ја опишаа како сериозно кршење на суверенитетот на Пакистан, што резултираше со смрт на цивили, вклучувајќи жени, деца и стари лица, според Фокс њуз.
Според соопштението од Пакистан, Трамп покажал „стратешка остроумност и државничко творештво“ во клучен момент на регионална нестабилност преку интензивен дипломатски ангажман со властите во Исламабад и Њу Делхи.
Благодарение на оваа интервенција, тврди владата, бил спречен поширок конфликт меѓу двете нуклеарни сили и бил постигнат прекин на огнот.
-Оваа интервенција сведочи за неговата улога како вистински миротворец и неговата посветеност на решавање на конфликтите преку дијалог, се додава во соопштението.