Во услови на политички превирања околу формирањето коалициска влада, Пакистанската муслиманска лига-Наваз (ПМЛ-Н) го именуваше Шехбаз Шариф за свој кандидат за премиер, објави денеска лидерот на партијата.
Каваџа Асиф, поранешен министер за надворешни работи и лидер на ПМЛ-Н, изјави во градот Сиалкот во источната провинција Пенџаб дека партијата го номинирала Шехбаз Шариф, помладиот брат на трикратниот премиер Наваз Шариф, за премиер.
Шехбаз Шариф беше премиер од 2022 до 2023 година, водејќи ја коалициската влада во која беа вклучени ПМЛ-Н, Пакистанската народна партија (ППП) и 11 други помали и религиозно-политички партии.
ПМЛ-Н и ППП освоија 75 и 54 пратенички места од 266 директни места во Долниот дом или Националното собрание на изборите одржани на 8 февруари годинава.
Претставниците на ПМЛ-Н разговарале со ППП за формирање коалициска влада, но се уште нема официјална одлука.
Покрај тоа, ПМЛ-Н, исто така, е во разговори со Движењето Мутахида Куами, кое освои 17 места во Парламентот.