Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пакистанскиот Врховен суд му одобри кауција на поранешниот премиер Имран Кан

 Врховниот суд на Пакистан денеска им одобри кауција на поранешниот премиер Имран Кан и неговиот близок соработник пред општите избори што треба да се одржат во февруари.

Кан и поранешниот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши се соочуваат со обвиненија за објавување доверливи дипломатски телеграми. И двајцата лидери се изјаснија за невини.

„Врховниот суд ги прифати молбите за кауција на двајцата водачи, откако обвинителството не го успеа да го докаже делото“, им рече на новинарите Салман Сафдар, адвокатот на Кан по сослушувањето.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново