Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Палестина ги повика ОН да прогласат глад во Газа

Палестина денеска ги повика Обединетите нации официјално да прогласат глад во Појасот Газа, кој од 7 октомври е под израелски напади. 

„Меѓународните извештаи покажуваат ширење на гладта меѓу палестинските семејства кои поминуваат цели денови без храна“, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи. 

Оттаму додаваат дека повеќе од милион луѓе во Појасот Газа гладуваат, пренесе Анадолија. 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно изјави дека четири од петте најгладни луѓе во светот се во Газа. 

„Околу 1,9 милиони раселени лица се во засолништа и се изложени на силен глад, а 50.000 бремени жени се во засолништа без вода, лекови и здравствена заштита“, објави палестинското Министерство. 

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската милитантна група Хамас, на 7 октомври, при што досега загинаа најмалку 20.915 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени повеќе од 54.918. 

Зачлени се на нашиот е-билтен