Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Палестинска Црвена полумесечина: Почна евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал-Шифа

Палестинската Црвена полумесечина денеска соопшти дека започнала евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал-Шифа во главниот град на Појасот Газа.

Спасувачката служба соопшти дека во болницата пристигнале 14 возила на Итна помош и дека евакуацијата се координира со ОН и Лекари без граници.

Израел повикува на евакуација на болницата со недели откако армијата ја презеде контролата врз медицинскиот центар каде што тврди дека Хамас има команден центар и го користи како база за своите воени операции. Хамас и болничкиот персонал го негираат ова.

Портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кидра изјави дека во болницата има нешто повеќе од 250 пациенти и околу 400 раселени лица кои се засолниле таму.

Во текот на викендот, Израел и Светската здравствена организација (СЗО) ја координираа евакуацијата на 31 предвремено родено бебе од Ал-Шифа во јужниот дел на Газа.

Потоа 28 бебиња биле префрлени во Египет, објавија израелските медиуми. 

Зачлени се на нашиот е-билтен