Палестинските милитанти на Црвениот крст му предале тело на заложник

Од почетокот на прекинот на огнот, на Израел му се предадени посмртни останки на 24 заложници.

Израелската армија соопшти дека милитантите од Појасот Газа му ги предале посмртните останки на еден заложник на Црвениот крст.

Од 10 октомври, почетокот на прекинот на огнот, на Израел му се предадени посмртни останки на 24 заложници.

Ако Израел потврди дека посмртните останки се на заложник, во Појасот Газа ќе останат тела на уште три заложници.

Според минатомесечниот договор за прекин на огнот, Хамас ги ослободи сите 20 преживеани заложници во замена за речиси 2.000 палестински затвореници. Договорот, исто така, вклучува предавање на посмртните останки на 28 заложници во замена за телата на 360 борци.

Претходно, воените крила на Хамас и Исламски џихад најавија дека на Израел ќе му вратат посмртни останки на заложник, пронајдени Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Исламски џихад, сојузник на Хамас, исто така зеде заложници во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година што доведе до војната.

Зачлени се на нашиот е-билтен