Палестинско Министерство за здравство: Бројот на загинатите се искачи на 10.569 луѓе

 Палестинското Министерство за здравство денеска соопшти дека од почетокот на војната во Појасот Газа убиени се 10.569 луѓе.

За 241 жртва е зголемен бројот на загинати во споредба со вчерашните податоци.

Помеѓу загинатите 4.324 се деца, а вкупно 26.457 луѓе се повредени.

Според најновите податоци на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) повеќе од 700.000 луѓе се раселени од Појасот Газа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен