Палестинското исламистичко движење Хамас соопшти дека повеќе од 60 луѓе биле убиени во текот на ноќта во „интензивните“ израелски напади врз Појасот Газа.
Прес-службата на владата на Хамас, кој е на власт во Газа соопшти дека во нападите во текот на ноќта и рано утрово се погодени две болници, едно училиште и „десетици“ згради.
Израелската армија од своја страна соопшти дека гаѓала „двајца терористи кои ставале оружје во возило“ во Кан Јунис, на југот на Газа, нападнале „команден центар на Хамас“ и заплениле оружје.
Според соопштението на Хамас, нападите и артилерискиот оган биле насочени кон Кан Јунис и јужниот град Рафа, каде што израелската армија сега ја концентрира својата офанзива, како и други области на опколената територија.