Панделката од цвеќиња поставени за борбата против ракот на доjка уништени од несовесни граѓани

Розовата панделка од цвеќиња поставена во Градскиот парк во Скопје во знак на борбата против ракот на дојка и претставува симбол на надеж, поддршка и солидарност со сите кои ја водат оваа тешка битка била уништена.

Од ЈП Паркови и зеленило известија дека несовесни граѓани ги уништиле и искорнале цвеќињата во паркот.

„Упатуваме апел да не ги уништувате ги цвеќињата. Со тоа ја уништивте симболиката и трудот на нашите екипи. Наместо тоа, ве повикуваме да ги зачувате и негувате, за заедно да создадеме поубава и поздрава средина за сите нас. Вашиот придонес може да направи многу“ велат од Паркови и зеленило.

Зачлени се на нашиот е-билтен