Да профункционираат казнените „алки“, со кои се следи движењето на осудениците, да се изречат условни прекини на затворските казни и други мерки предлага директорот на Управат за санкции Александар Пандов, ксо цел да се растоварат затворите, кои се пренатрупани.
– Во затворите имаа околу 400 затвореници кои се со А-третман, значи одреден дел од нив, повеќе од 100, излегуваат од сабајле од 7-8 часот, зависи како им е работниот договор, до 4 до 5 часот попладне. Ако тие веќе така може да излегуваат и да ги повторуваат еве, своите кривични дела од претходно, зошто не направиме тие луѓе да ги „ослободиме“, да имаат условен прекин на нивната казна. Притоа, јас како директор на Управата за извршување санкции, не можам да го занемарам финансискиот момент. Еден затвореник, во зависност од затвор до затвор, е околу 2.000 денари или околу 35 евра. Тоа е на годишно ниво над 10.000 евра, еден наш затвореник. Секако доколку би се изрекувале условни прекини, кога би се изрекувале алки, јас сум оптимист дека ако не до крајот на оваа, на почетокот на следната би се ставиле во функција, тие затвореници во домашни услови ќе може да си ги одлежуваат своите казни – рече Пандов пред почетокот на работилницата на тема „Предизвици во надминување на затворската пренатрупаност-Условен отпуст, електронски надзор и третманот во функција на успешна ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица“ во организација на Македонското здружение на млади правници и Македонското пенолошко друштво.