Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Панел-дискусија: Регулација на содржините објавени на социјалните медиуми

Регулацијата на содржините објавени на социјалните медиуми беше тема на денешната панел-дискусија насловена како „Справување со дезинформациите на социјалните мрежи – предизвици и перспективи“, организирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА.

Учесниците беа едногласни дека неопходна е регулација на содржините објавени на социјалните мрежи кои стануваат главен извор на информации на граѓаните ширум светот.

„Младите полесно потпаѓаат на дезинформациите, кои се објавуваат на социјалните мрежи“.

Емилија Петреска Камењарова од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги нагласи дека АВМУ нема директна законска надлежност да ги открива и да се справуваат со дезинформациите, туку, како што рече, да ја поттикнуваат медиумската писменост. 

„Сметаме дека за да може да се направат проекти и активности во сферата на медиумската писменост кои што имаат издржани и самоодржливи резултати, во позиција сме да обезбедиме релевантни податоци за тоа како стои ситуацијата. Во таа смисла, ние работиме истражувања на нивото на медиумската писменост. Децата младите од 14 до 17 година се многу специфична категорија млади луѓе, која што лесно потпаѓа под влијание, се наоѓа во таа фаза на психолошкиот развој што лесно потпаѓа под влијание“, рече Петреска Камењарова потенцирајќи дека треба да се работи многу со нив за да се оспособат за критичко размислување, развивање на нивната критичка свест за да можат да ги препознаваат дезинформациите. 

Петреска Камењарова нагласи дека од јули 2023 година со измените на Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се направи усогласување на овој закон со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската унија, во делот во кој што Агенцијата како регулаторно тело стана надлежна за платформите за споделување видеа – Фејсбук, Јутјуб, Тик-Ток

„Правилото кое важи на европско тло, а со тоа не само во Унијата туку и во земјава, надлежна за одреден субјект во која било сфера е земјата во која тој е основан или се смета дека е основан. Иако Агенцијата има надлежност да биде регулатор на платформите за споделување видеа кои што се основани и се сметаат дека се основани во Македонија, а такви субјекти нема, што значи дека ние не можеме да ја ефектуираме таа наша надлежност. Со измените во Законот е направено тоа што се превиде дека она што се нарекува аудиовизуелна медиумска услуга по барање, бидејќи инфлуенсерите всушност тоа се, но како физички лица. Сега се прочисти дека претходно Законот имаше поставено дека тие се правни лица. Ќе утврди дека ќе треба да се направи правилник со кој ќе се прецизира како и кои се критериумите со кои одреден инфлуенсер без разлика дали е физички лице или е трговец, на кој начин ќе се идентификува кој од тие инфлуенсери ќе стане предмет на регулација, затоа што ниту на европско тло, ниту кај нас не може и не треба да станат сите оти во таков случај може да дојдеме до пререгулација во која секој човек кој што има свој мал влог, блог, би требало да биде предмет на регулација. Тоа не е така. Правилникот е направен минатата година и беше на јавна расправа, но никој не поднел забелешки, коментари, мислења, предлози во врска со неговата содржина. Актот треба да биде донесен до средината на оваа година, рече таа. 

Снежана Трпевска од Институт РЕСИС истакна дека постојано се повикува дека како општество мора да се организираме со методи како што е медиумската писменост, јакнење на образованието, меѓутоа, како што рече, не ни одат во прилог многу работи, бидејќи се помалку се чита.„

Надлежноста над онлајн платформите, јурисдикцијата за примената на одредбите од Регулативата за дигитални услуги ја имаат оние регулатори каде се востановени платформите, односно каде имаат седиште. После една година имплементација Регулативата за дигитални услуги се уште не е доволно јасна и има многу недостатоци, особено во поглед на тоа како треба да функционира овој замислен заштитен механизам во областа на дезинформациите. На ниво на држава има отсуство на поддршка. Самите држави членки ќе треба  да им дадат поддршка на таквите организации. Со случајот, кога би ја имплементирала Регулативата за дигитални услуги, нашата држава треба да се потруди да обезбеди средства за ние да имаме такви организации кои ќе помогнат во разоткривањето на дезинформациите“, рече Трпевска.

Светлана Сиљјаноска, консултантка за стратешки комуникации и справување со дезинформации информира дека во нејзината анализа „Дигиталната демократска дистопија и излезот од неа“ се осврнува на штетната улога на алгоритмите на социјалните мрежи кои ги затвораат луѓето во ехо комори и придонесуваат за засилување на дезинформациите и други штетни содржини, за поларизација на општеството кое, како што посочи, најчесто завршува со некаква радикализација и се пренесува и во физичкиот простор со обиди и со вршење на конкретно насилство. 

„Граѓаните кај нас главно информациите ги консумираат преку социјалните мрежи, меѓутоа свесни се дека дезинформациите доаѓаат од таму.  Отсуството на регулација. Јасно е дека треба да ни се случи и треба да го направиме тоа на многу внимателен начин. Јас исто не сум фан на пререгулација затоа што не верувам дека може со пререгулација да се постигне каков било позитивен напредок, меѓутоа и отсуство на регулација како што ќе видиме остава простор добар дел од граѓаните да бидат незаштитени. Социјалните мрежи не би требало да бидат просторот каде што насилниот екстремизам, радикализам, тероризам, ќе биде дозволени под капата на слобода на говор. Изложувањето на содржини особено на малолетната популација не смее да биде занемарено од регулирањето“, рече Сиљјаноска. 

Зачлени се на нашиот е-билтен