Лекарската комора денеска организира панел дискусија на тема „Меѓународни искуства во постдипломската едукација на доктори“.
На настанот што ќе се одржи во Деканатот на Медицинскиот факултет – Скопје, ќе бидат презентирани информации за начинот на организација на специјализациите во Германија, Хрватска, Србија и во нашата земја, по што ќе се дискутираат предизвиците и можностите за унапредување на овие процеси.
Најавени се воведни обраќања на Калина Гривчева Старделова, претседател на Лекарската комора и Бесим Мемеди, државен секретар во Министерството за здравство