Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ПАП: Полската владејачка партија ПиС продолжува да води пред парламентарните избори на 15 октомври

Владејачките конзервативци во Полска ќе добијат најмногу гласови на претстојното парламентарно гласање, но нема да можат да обезбедат парламентарно мнозинство, покажува новата анкета објавена од полската новинска агенција ПАП.

Партијата „Право и правда“ (ПиС) добива 32,3 отсто поддршка во анкетата на „Обединети анкети“ за информативниот сајт „Виртуелна Полска“.

Најголемата опозициска формација, центристичката Граѓанска коалиција, според истражувањето би добила поддршка од 26,4 отсто.

Централнодесничарскиот Трет пат (коалиција на Полската селска партија и Полска 2050) би добил 12,1 отсто, екстремно десничарската Конфедерација – 9 проценти, а Новата левица – 8,1 отсто.

Резултатите од анкетата му одредуваат на ПиС 186 места во 460-члениот Сејм (Долниот дом на Парламентот).

Граѓанската коалиција ќе добие 148 мандати, Трет пат – 57, партијата Конфедерација – 37, Нова левица – 31, а германското малцинство – едно место.

Тоа значи дека ПиС нема да има мнозинство, дури и во случај на можна коалиција со Конфедерација. Десничарските формации можат да сметаат на вкупно 223 места, а недостигаат најмалку 8 места за формирање влада.

Истовремено, опозицијата заедно со пратеникот од германското малцинство ќе има 237 пратенички места, што е повеќе од освоеното на ПиС на изборите во 2019 година.

Истражувањето беше спроведено меѓу 30 септември и 1 октомври на примерок од 1.000 Полјаци пред маршот во Варшава, во кој учествуваа милион поддржувачи на опозицијата, и пред конгресот на ПиС во Катовице, кој заврши вчера попладне. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира