Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 за неговото историско обраќање

 Папата Франциск пристигна на Самитот на Г7 што се одржува во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација. Тој е прв поглавар на Римокатоличката црква што учествува на состанокот на богатите нации.

По пристигнувањето, папата ќе биде пречекан од италијанската премиерка Џорџа Мелони. 

Осумдесет и седумгодишниот понтиф пристигна со хеликоптер.

Тој во обраќањето пред учесниците ќе говори за ризиците и придобивките од вештачката интелигенција и ќе одржи 10 билатерални средби меѓу кои и со лидерите на САД, Индија, Украина, Турција и Бразил.

Зачлени се на нашиот е-билтен