Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата Франциско имал тешка настинка, неделната молитва ќе ја води од резиденцијата

Фото: Long Thiên, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Папата Франциско редовната недела ангелска молитва ќе ја води од својата резиденција, превентивно бидејќи има тешка настинка, соопшти Ватикан.

Ваквата одлука е донесена, пред се поради ниските температури во Рим и обврските на Папата во периодот околу Божиќ. 

Папата Франциск се пожали на настинка за време на вчерашната аудиенцијата, а потоа беше доволно добро денеска да го одржи својот годишен божиќен говор пред кардиналите.

Папата ќе ја предаде молитвата Ангел Господов утре од капелата на ватиканскиот кварт Света Марта, каде што живее, наместо да им се обраќа на верниците од прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар.

Зачлени се на нашиот е-билтен