Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата го повтори повикот за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа

 Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска во својата велигденска порака во Ватикан го повтори повикот за ослободување на израелските заложници и итен прекин на огнот во Газа.

– Уште еднаш повикувам на гарантиран пристап до хуманитарна помош во Газа, повторно повикувајќи на брзо ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври, како и итен прекин на огнот во Појасот Газа, рече тој.

Папата повика и на размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина.

– Повикувам на почитување на принципите на меѓународното право и на општа размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина, рече Папата пред околу 60.000 верници.

Папата Франциск го предводеше традиционалното велигденско бдение, кое траеше повеќе од два часа во базиликата Свети Петар во Рим.

Зачлени се на нашиот е-билтен