Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата во Унгарија ја повика Европа да се обедини за да се стави крај на војната на нејзино тло

Папата Франциско денеска ја осуди „адолесцентната воинственост“ која ја врати војната на територијата на Европа и рече дека континентот мора да го обнови духот на мирно единство за да се спротивстави на војната што Русија ја води против Украина.

Папата Франциско ја истакна својата визија за иднината на Европа на почетокот на неговата тридневна посета на Унгарија.

Тој побара од Европската унија да одобри безбедни и легални патишта за влез на мигрантите на нејзина територија, а унгарската влада да не ја прави Европа „заложник“ на популистичките барања.

Франциско потсети на идеалите кои беа основа за создавање на Унијата и изрази жалење што тие идеали се заменети со подемот на национализмот и „адолесцентната милитантност“.

„Се чини дека сме сведоци на тажниот самрак на тој хорски сон за мир и дека солистите на војната имаат предност“, рече римокатоличкиот поглавар.

Тој додаде: „На овој историски крстопат, Европа е клучна… Таа е повикана да ја преземе својата вистинска улога, а тоа е да ги обедини отуѓените и да им посака добредојде на другите народи и да одбие кого било да го смета за вечен непријател“.

Зачлени се на нашиот е-билтен