Парламентот на Црна Гора го усвои законот за спречување на перење пари

Пратениците во црногорскиот парламент го усвоија Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, како и Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Црна Гора.

Предлогот на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам беше усвоен синоќа со 64 гласа „за“ и без гласови „против“. Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на Црна Гора е усвоен со 63 гласа „за“ и без гласови „против“, пренесува РТЦГ.

Претседателот на Собранието Андрија Мандиќ рече дека целта на законот е да се елиминираат воочените слабости во областа на спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Гласањето уследи по 11 часа дискусија.

Министерот за правда Андреј Миловиќ во своето последно обраќање истакна дека предлог-законот за измени на Кривичниот законик на Црна Гора добил одлични оценки од Европската комисија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен