Конгресот на партијата „Праведна Русија – за вистината“ (СРЗП) го поддржа номинирањето на актуелниот шеф на државата Владимир Путин за кандидат за претседателските избори во Русија во 2024 година. Одлуката беше донесена едногласно, а „за“ гласаа вкупно 192 делегати.
СРЗП од почетокот не планираше да постави кандидат за претседателските избори. Таква одлука партијата донесе на претходниот конгрес во мај, но сега и официјално е потврдена.
Во меѓувреме, Централната изборна комисија на Русија објави дека 29 лица досега поднеле документи за учество на претседателските избори. Според законот, независните кандидати мора да бидат поддржаниод собрание свикано од група избирачи, за што ЦИК мора однапред да биде известена.
Крајниот рок за поднесување документи на независните кандидати е 27 декември.
Политичките партии можат да номинираат кандидати на своите конгреси, додека кандидатите од парламентарните партии се ослободени од собирање потписи. Партиските кандидати треба да ги достават документите за номинација до ЦИК најдоцна до 1 јануари.