Партнерите на Мицкоски, Меџити и докторот Беким Сали не го есапат, си ја пречека Спиропали само „по албански“

Критичарите укажуваат дека ваквиот протокол и визуелен наратив оставаат впечаток на еднонационална симболика во мултиетнички и државен контекс

Партнерот на Христијан Мицкоски, Изет Меџити, вечерва во скопската населба, Чаир ја пречека гостинката, министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, „само по албански“. На споделените фотографиите, објавени на неговиот фб профил се гледаат само знамиња на Албанија, без присуство на ниту еден државен симбол на Македонија.

Во објавата, Меџити наведува дека заедно со Спиропали положиле цвеќе кај бистата на Ѓерѓ Кастриот – Скендербег, на плоштадот што го носи неговото име, истакнувајќи почит кон „заедничката историја“ и кон фигурата која, како што пишува, го симболизира албанскиот идентитет, отпорот и единството. Според неговите зборови, моментот бил потсетник дека националните вредности треба да останат водилка и денес, во време на нови предизвици и одговорности.

Во продолжение, градоначалникот нагласува дека со таа „духовна порака“ се продолжува градењето мостови на соработка и зајакнување на врските меѓу државите и политиките. Но, начинот на кој беше визуелно претставен настанот предизвика реакции и прашања во јавноста, особено поради фактот што посетата се одвива во главниот град на Македонија, а на фотографиите не се забележува ниту еден македонски државен симбол.

Критичарите укажуваат дека ваквиот протокол и визуелен наратив оставаат впечаток на еднонационална симболика во мултиетнички и државен контекст, што дополнително ја отвора дебатата за односот кон државните институции и симболи, особено кога станува збор за официјални или полуофицијални средби со странски функционери.

Настанот повторно го актуелизира прашањето за границата меѓу етничката припадност, локалната самоуправа и државниот протокол, како и за пораките што се испраќаат кон јавноста кога ваквите средби се претставуваат исклучиво низ призма на една национална симболика. објави Скопје1.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен