Патот преку Стража повторно прооден за тешки возила откако АМСМ соопшти дека е укината забраната за товарни моторни возила на правецот Гостивар – Стража и обратно, која беше воведена поради снежни врнежи и отежнати услови на планинскиот превој.
Според најновата информација за состојбата на патиштата, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози, а на повисоките места во западните региони има остатоци од кашест снег. Од АМСМ информираат и дека на одделни правци има врнежи од снег, но тие во моментот не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Надлежните апелираат на внимателно управување и прилагодена брзина, особено на делниците низ клисури и долини каде постои зголемена опасност од одрони во вакви временски услови.