Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пекинг до Манила: Не провоцирајте во Јужното Кинеско Море

  Кина ги „советува“ Филипините „да не провоцираат“ во Јужното Кинеско Море, бидејќи филипинската крајбрежна стража ја отстрани пловна бариера што Пекинг ја постави во близина на спорниот гребен за да го спречи пристапот на филипински рибари.

Бариерата долга 300 метри беше пронајдена минатата недела кај гребенот Скарборо, кој  Кина го присвои во 2012 година.  

Филипинската крајбрежна стража вчера објави дека ја отстранила бариерата, што денеска го осуди портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

„Кина цврсто го брани својот суверенитет, како и своите права и интереси на островот Хуангјан (кинеското име за гребенот Скарборо)“, рече портпаролот.

„Ги советуваме Филипините да не провоцираат и да не предизвикуваат проблеми“, предупреди тој.

Гребенот Скарборо е 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина. Кина полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море, на големо незадоволство на неколку крајбрежни држави.

Според Конвенцијата на ОН за поморското право од 1982 година, во чие изготвување учествувала и Кина, државите имаат суверено право да ги експлоатираат природните ресурси до 370 километри од нивните брегови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен