Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пекинг го обвини Тајпеј дека ги преувеличува тврдењата за мешање на Кина во претстојните избори на островот

Кинеското Министерство за одбрана денеска оцени дека властите во Тајпеј „претерале“ со тврдењата за наводното мешање на Пекинг во претстојните претседателски избори во Тајван.

„Властите на Демократската прогресивна партија го преувеличуваат мешањето на Кина во изборите“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Ву Чиан на прес-конференција.

Тој додаде дека Тајпеј сака да „поттикне конфронтација и да манипулира со изборите“.

Претседателските избори во Тајван се закажани за 13 јануари. 

Најново