Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини вечерва во Брисел изјави дека лидерите на ЕУ мора да бидат многу внимателни за тоа кој ќе ги претставува ЕУ и Европската комисија на меѓународно ниво и рече дека при распределбата на функциите во европските институции, важно е како ќе бидат претставени источна и централна Европа.
Пелегрини, кој присуствува на неформалниот самит на лидерите на ЕУ на местото на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се уште се опоравува од обидот за атентат, не сакаше да им каже на новинарите во Брисел дали ќе поддржи некоја конкректна личност за позиција во ЕУ.
„Ќе разговарам со моите колеги за моменталната ситуација на меѓународно ниво. Мораме да бидеме многу внимателни кој ќе ги претставува ЕУ и Комисијата на меѓународно ниво. Во реалноста мораме да имаме личност која ќе може да ја смири ситуацијата, која сега е под голема тензија“, изјави Пелегрини.