Претседателот Стево Пендаровски во своја објава на Фејсбук напиша дека Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентирал Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година.
„Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание“, посочува претседателот во објавата.