Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Клучните столбови од програмата од 2019 – членство во НАТО, преговори со ЕУ и стабилни етнички односи се остварени

„Клучните столбови на мојата програма во 2019 година беа влез во НАТО, почнување на преговори со ЕУ и стабилни меѓуетнички односи. Тоа е триаголникот за успехот и стабилноста на државата. Тоа е остварено“, посочи пратседателот Стево Пендаровски на дуелот на ТВ Телма со неговата против кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова.

Тој додаде дека земјата стана членка на НАТО за време на неговиот мандат, ги деблокираше и започна преговорите со ЕУ, а меѓуетничкиот односи иако не се идеални, се далеку подобри од времето на режимот на вМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Пендаровски додаде дека тој сака да ги привлече тие кои не гласале за него во првиот круг, да го поддржат сега со неговата програма, која е базирана на реална основа, а не фикции.

„Јас не тврдам дека оние кои го потпишале Преспанскиот договор, треба да завршат во затвор и кривично да одговараат. Јас тврдам дека е добар договор што ги штити државните интереси. Госпоѓата вели обратно, сега вели добро е што сме во НАТО, но пред 3-4 години велеше дека кривично требало да се одговара“, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека не вели дека Преговарачката рамка со ЕУ е во ред, но има проблем со некои аспекти, туку вели дека ја прифаќа, како што е прифатена од сите земји членки на ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен