Македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека не размислува за кандидатура за следен претседателски мандат. Тој негативно одговори на новинарско прашање дали размислува за втор мандат, без да даде повеќе образложение.
Шефот на државата присуствуваше на отворениот форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка каде посочи дека борбата против корупцијата е долг процес за кој треба политичка волја и широк општествен и политички консензус.
На лидерската средба во Собранието одржана пред два дена беше постигнат договор осми мај да биде датумот кога во Северна Македонија ќе се гласа на парламентарни и втор круг претседателски избори.
Претходно, на 24 април ќе се одржи првиот круг од претседателските избори.