Претседателот Стево Пендаровски во своето обраќање на почетокот на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода, се осврна на соживотот.
Тој нагласи дека различностите се наше најголемо богатство без разлика на етничката или верската припадност.
„Функционална демократија овозможува хармонизација на односите меѓу заедниците“, рече Пендаровски.
Шефот на држават посочи дека демократијата не може да се сведе само на денот на гласањето на изборите. Европските интеграции се важни за Западен Балкан. Европските интеграции се единствената противтежа кон они што сакаат да не разделат едни од други.
Ние сме позитивен пример не само во регионот, туку и пошироко. Немаме луксуз да живееме на стара слава. Ни треба поголема политичка вклученост за подобрување на помалкубројните етнички заедници. Внесувањето на други етнички заедници во Уставот, вклучитело и Бугарите нема да ја разниша нашата држава“, рече Пендаровски.
М. Д. (ЦивилМедиа)