Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пендаровски: Во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен на Република Северна Македонија, претседателите Пендаровски и Ван дер Белен одржаа заедничка прес-конференција.

„Една од клучните теми, која ја дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес и во оваа прилика, сакам да се заблагодарам на Австрија за силната поддршка на политиката на проширување на Европската Унија и неспорната континуирана и принципиелна поддршка за нас во тој процес и во контекст.

Зборувавме и за актуелната политичка состојба и отворените прашања на Западниот Балкан. Австрија како докажан пријател на регионот има значајна улога во форсирањето на политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан, а, во тие рамки, оваа посета на австрискиот претседател укажува и на ургентноста на македонското европско досие.

Се согласивме дека во отсуство на јасна европска перспектива, евроскептицизмот ќе продолжи да расте и сигурно ќе биде сигнал за некои други сили кои работат спротивно на европските вредности“, порача Пендаровски.

Зачлени се на нашиот е-билтен