Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пенов: Блокадата уставните измени ризикува застој во користењето на европските фондови за прекугранична соработка и регионален развој

Фотографија: Надица М. Ангеловски
Фотографија: Надица М. Ангеловски

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во интервју за Рацин.мк вели дека застојот или блокадата на процесот за пристапување во ЕУ, ќе донесе застој во реализацијата на постоечките и на новите проекти што во земјата се остваруваат преку фондовите на ЕУ за прекугранична соработка и за фразвој на регионите.

„Заостанувањето на тој пат (на патот на евроинтеграциите, н.з.) значи и помало внимание од страна на ЕУ и европската бирократија за овие проблеми. Средствата наместо на проекти ќе се насочат многу повеќе кон европски експерти кои заради застојот ќе дојдат да не учат наместо ние сами да се обучуваме со тие средства низ процесот на подготовка и реализација на проектите“, вели министерот Пенов.

Во интервјуто за Рацин.мк што ќе биде објавено утре, министерот за локална самоуправа потсетува дека преку програмите за прекугранична соработка на ЕУ во земјата влегле 80 милиони евра.

„80 милиони евра влегле во македонската држава, во македонската економија. Се купило нешто, некој плата земал, имало некаков тип на обрт. Кросбордер соработката е мал дел од финаиската помош од ЕУ. Не ги знам точно сите бројќи, но тие се многу помали од можностите“, посочува Пенов.

Тој истакнува дека секој чекор понапред во пристапниот процес значи повеќе отворени врати и го наведува примерот на Бугарија на која, за разлика од предпристапниот период, сега на располагање ѝ се ставени неколку стотици милиони од програмите на ЕУ за прекугранична соработка и за поддршка на локалната самоуправа.

Фотографија: Надица М. Ангеловски

Зачлени се на нашиот е-билтен