Пентагон потврди дека САД вршат летови со беспилотни летала над Газа за да ги лоцираат заложницит

Пентагон потврди дека САД вршат невооружени летови со беспилотни летала над Појасот Газа за да помогнат во напорите за лоцирање на околу 240 заложници кои ги држи Хамас.

– Во поддршка на напорите за откривање на заложниците, САД спроведуваат невооружени летови на беспилотни летала над Газа, како и обезбедуваат совети и помош за поддршка на нашиот израелски партнер додека работат на нивните напори за враќање на заложниците, истакна портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер.

Зачлени се на нашиот е-билтен