Министерот за локална самоуправа Златко Перински на средби во Љубљана подетално се информира за законско уредување за отповикување на градоначалник, за организирање на јавен превоз, одржување на јавна хигиена, намалување на загаденоста на воздухот, функционирањето на комуналната полиција, како и за поддршката од европските фондови, пишува во соопштението испратено од прес – службата на Министерството.
Перински и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ на заедничката средба размениле искуства и практики од земјите во регионот во насока на подготовка на планираните измени на Законот за локална самоуправа.
По средбата Пирински изјави: „Љубљана е одличен пример за Град од регионот, чии искуства треба да ги имаме во предвид и да ги искористиме за измени на Законот за локална самоуправа, кој треба да е во функција на нашите граѓани и Општини, рече Перински.
Министерот Перински одржал работна средба и со директорот на јавниот холдинг „Љубљана“, Криштоф Млакар, каде функционираат и неколку јавни претпријатија задолжени за одржување на јавната хигиена, водоводната мрежа и јавниот превоз, кои ги следа развојните и еколошките насоки.
Во соопштението пишува дека на средбата, Пирински – Млакар, било заклучено дека двигател на квалитетот на холдингот е инвестирање во модернизација на инфраструктурата, во ресурси кои ќе обезбедат квалитетни услуги за потрошувачите.
Пирински го посетил и Регионалниот центар за управување со отпад „Љубљана“, кој како најмодерен објект за обновување на отпад, во Европа, обединува 56 општини и преработува отпад од 800 илјади жители.