Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Перински заборави дека беше директор на „Водовод и канализација“: Загрижен сум за претпријатијата имаат многу долгови

Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната „Платформа: 100 % посветени за тебе – Мерки и политики за земјоделството, животната средина и локалната самоуправа“рече дека долговите во главниот град се толку големи што во некои јавни претпријатија не можат ниту да се пресметаат.

Според неговите информации во најлоша состојба е ЈСП каде долгот е 8 милиони евра, Водовод и канализација 15 милиони евра, к/омунална хигиена 6 милиони евра, улици и патишта околу 3-4 милиони евра.

Иако Данела Арсовска беше кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, а Перински еден од нејзините директори, а беше претставена и како добар менаџер, изземајќи се од одговорност тој ги впери повторно критиките само кон Арсовска дека метрополата пукала по сите шевови. Според него најмногу страда градскиот превоз и засега нема став околу донацијата на автобуси од Белград.

-Ова не е проблем што е настанат со доаѓањето на новата влада, туку е проблем за кој говоревме многу подолго време во јавноста дека се случува“ вели Перински.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново